Највредниот совет од мојата мајка: Чувај ги пријателките. На жените секогаш им се потребни други жени
Една млада жена која штотуку се омажила, дошла во посета на својата мајка. Седнала на фотелјата додека пиела леден чај и започнала разговори за животот, бракот, одговорностите и обврските на зрелите луѓе.
Мајката замислено ги промешала коцките мраз во својата чаша, за одлучно да ја погледне својата ќерка и да изусти:
„Немој никогаш да ги заборавиш твоите пријателки. Тие ќе ти бидат се поважни како што ќе старееш. Колку и да го сакаш својот сопруг, своите деца, тие сепак ќе ти бидат потребни. сети се да излезеш и да поминеш време со нив. И запамети дека твоите пријателки не се само пријателки, тие се твои сестри, твои ќерки и твои роднини. Ќе ти бидат потребни други жени. На жените секогаш им се потребни други жени.“
„Каков совет... Зарем сега кога се омажив и зачекорив во светот на заљубените парови, ти ми го кажуваш ова? Јас сум возрасна жена. Не сум тинејџерка на која и се потребни пријателки. Мојот сопруг и моето семејство ми е единственото нешто што ми е потребно за животот да има смисла.“
Но, сепак, за некое чудо ја послушала својата мајка и се потрудила да го одржи контактот со неколкуте пријателки.
Како што годините одминувала, полека ја сфаќала поентата на советот.
Во своите 40-ти научила:
Времето поминува. Животот се случува. Дистанцата раздвојува. Децата растат. Љубовта избледува. Срцата се кршат. Работите доаѓаат и си заминуваат. Кариерите завршуваат. Родителите умираат. Колегите ги забораваат услугите. Мажите имаат свој свет.
Но, пријателките остануваат, без оглед на времето и километрите.
Додека мислиш дека мораш да го одиш животниот пат осамена, твоите пријателки ќе бидат тука, покрај патот, навивајќи, молејќи се за тебе, туркајќи те и чекајќи те на крајот од патеката. А, понекогаш и ќе ги прекршат правилата за тебе.
М. Д. | Црнобело