Сара Мејс за CRNOBELO лексикон: „Бев тешка бубалица, плачев кога ќе добиев 5 минус“

„Правев некој експеримент по хемија со памукчиња - ги потопував во разни видови течност, ги палев и ги фрлав од прозор. Па, со другарка ми Марија трчавме со кофи со песок да го изгасиме огнот под мојот прозор за да не ја зафати цела зграда“ - напиша Сара Мејс во лексиконот на CRNOBELO.com.

sara-mejs-za-crnobelo-leksikon-bev-teshka-bubalica-plachev-koga-kje-dobiev-5-minus-01.jpg

Кога била дете, харфистката и пејачка, Сара Мејс, сакала да биде Претседател на Македонија. Но, и балерина.

Вели дека е организирана личност која прави распоред за сè и не може да живее без однапред подготвен план, а секогаш ѝ фалат барем уште 6 часа во денот за да има време за сè.

Сара се потпиша во нашиот лексикон и ни откри интересни работи за себе:

1. Како се викаш и дали имаш прекар?

Се викам Сара, а ме викаат срце, мамо, дадо, маче, Сарски, Саролинче, Сарлес, Сарфа.

2. Колку години имаш и што си во хороскоп?

33, вагичка, родена на 20 октомври 1990 година.

3. Кои ти се омилена песна, пејач и пејачка?

Песна - Bewitched Bothered and Bewildered, пејачка Ела Фицџералд, пејач Роберт Плант.

sara-mejs-za-crnobelo-leksikon-bev-teshka-bubalica-plachev-koga-kje-dobiev-5-minus08_copy.jpg

4. А омилена книга?

„Кралство од соништата“, Џудит Мекнот, сѐ што е Гијом Мисо, „Верити“ на Колин Хувер (мојата нова царица меѓу авторките, жените уметници).

Ју Несбе ми е царот во последно време и многу други. Ај да не куцам до утре, од сега со по едно ќе одговарам.

5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?

Серија - Game of Thrones, а во моментов House of Dragon, глумица ми е Сандра Булок, а глумец Леонардо ди Каприо.

6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист? За кого навиваш?

Омилен клуб ми е Кросфит Скопје. Омилени спортови ми се одбојка, пливање, уметничко лизгање и кросфит, спортист Анди Исмаили и Аце од Општина Петровец од адреналинското шоу „Триумф“ (зошто, ќе гледате наредна недела).

sara-mejs-za-crnobelo-leksikon-bev-teshka-bubalica-plachev-koga-kje-dobiev-5-minus12.jpg

7. Имаш ли милениче и како се вика?

Атос - кучето човек, скоро 10 години е со нас, мачката лавица Бела што лови од скакулци, преку огромни зелени гуштери, до змии (сериозно годинава царицата скина змија во Пинтија).

Имавме и желка Жеки, ама ни избега ха, ха.

8. Кој ти е среќен број?

13,5.

9. Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?

Во основно сакав да бидам Претседател на Македонија, па сакав и балерина и челистка, а од кога го запознав Димитар - само стенд-ап комичар.

sara-mejs-za-crnobelo-leksikon-bev-teshka-bubalica-plachev-koga-kje-dobiev-5-minus04.jpg

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?

Јегер и баклава.

11. Кој ти е најдобар другар/ка? Колку долго се дружите?

Мојот најдобар другар се вика Александар (Сандре), он ми е сродна душа по другарство и музика, се дружиме 12 години.

И Марија Џингова, со неа се знаеме од 2 години, значи цел живот.

12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?

Плачев на 5 минус и преполагав - што би се рекло, тешка бубалица. Омилени предмети во основно ми беа биологија, математика, хемија и музичко.

Во средно ми беа солфеж, контрапункт, композиција, диригирање и харфа (ова под дифолт).

На факултет: харфа, пеење, импровизација, балет, глума, полифонија.

sara-mejs-za-crnobelo-leksikon-bev-teshka-bubalica-plachev-koga-kje-dobiev-5-minus03_copy_copy_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg