Васил Гарванлиев за CRNOBELO лексикон: „Џејсон прави најубава мусака, ја надмина дури и мама“

13. Кој ти е идол (а да не е позната личност)?

Мама. Цел живот го ризикува за да ни овозможи да сме тоа што сме со брат ми: единствени, искрени до бол, брливи, скромни и полни со љубов.

14. Кога би можел да си лик од цртаните, кој лик би сакал да бидеш?

Херкулес.

15. Кои ти беа најомилени игри во детството?

Ќерна, ластик, мижничка, гуничка и војна - сите оригинал кажани на струмички.

vasil-garvanliev-za-crnobelo-leksikon-djejson-pravi-najubava-musaka-ja-nadmina-duri-i-mama-13.jpg

16. Најголема беља што си ја направил во детството?

Горе кај нас на улица градеа нов водоводен канал и скоро секоја куќа на патот имаше огромна дупка.

Ние во дупката си направивме бункер, а јас одлучив да направам специјален храм и го земав скоро цело злато на баба и тато, и го наредив наоколу.

Шамарот од Баба Зора уште го памтам.

17. Дали некогаш си се степал?

Да, еднаш со брат ми, а вторпат како самоодбрана во ситуација која ќе ви ја раскажам другпат.

Не верувам во насилство и одмазда.

18. Што правиш во слободно време?

Обожавам друштвени игри и карти - имаме неколку игри што ги играме.

Одам и во теретана 6 пати неделно, а летно време сум надвор во дворот во градината (ја имам генетски добиено „зелената рака“ на баба Зора) и околу базенот (иако Џејсон е повеќе околу тоа со хемикалите, а јас легнат на гума).

Инаку секој гостин си има своја гума со свое уникатно име.

vasil-garvanliev-za-crnobelo-leksikon-djejson-pravi-najubava-musaka-ja-nadmina-duri-i-mama-03.jpg

19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакал/а да се вратиш?

Во 1960-те - златните години на прекрасни вокали.

20. Што немаш, а би сакал да имаш?

Слобода да јадам нутела и благо колку што сакам, а да не се здебелам.

Пу, пу, пу - за сè друго сум многу едноставен и благодарен: здравје, љубов, храна и кров. Сè останато е шминка.

21. Од што се плашиш?

Пајаци, a до пред една година и од имиграција.

vasil-garvanliev-za-crnobelo-leksikon-djejson-pravi-najubava-musaka-ja-nadmina-duri-i-mama-06.jpg

22. Која ти беше првa симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?

Соња Скерлева од Д. Уште живее во Струмица.

А прв симпатија - Ник Картер.

23. На која песна откачуваш во кафеана?

На Азис - „Хабиби“ и „Не сме безгрешни“ (одма и раката ја кренав кога ги напишав).

vasil-garvanliev-za-crnobelo-leksikon-djejson-pravi-najubava-musaka-ja-nadmina-duri-i-mama-07.jpg

24. Најдобро потрошени пари во животот?

Едукација и последната реновација дома.

25. Кое е најубавото место на светот?

Дома. Чикаго со Џејсон и Струмица со мама.

Со душа чекам следното лето да му ја покажам Македонија на Џејсон и да го запознаам со блиските.

vasil-garvanliev-za-crnobelo-leksikon-djejson-pravi-najubava-musaka-ja-nadmina-duri-i-mama-12.jpg

Што би го прашал сопственикот на овој лексикон?

Васил: Зошто се викате CRNOBELO.com и кое друго име беше во игра кога се формираше овој портал?

CRNOBELO.com: Името е лесно за памтење, или што би рекол „кумот“: Едно утро се разбудив и ми ‘светна’.

А име кое било во игра, е sekojden.com. Замисли си само, ќе одговараше на прашања за SEKOJDEN ЛЕКСИКОН. Како ти звучи?

vasil-garvanliev-za-crnobelo-leksikon-djejson-pravi-najubava-musaka-ja-nadmina-duri-i-mama-09.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Во Македонија луксуз ни стана да отидеме во театар, на фризер и на ручек во кафеана Дојдовме во ситуација кога се молиме да не ни се најават гости, затоа што еден у...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
И во Македонија има мажи домаќини, такви кои домот го претвораат во храм И во Македонија има мажи за медал. Онакви посветени на домот и семејството. Орга...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg