Марис за CRNOBELO лексикон: „Омилени игри ми беа џамија, штркот бара боја и ластик“

„Не сум размислувала кој лик од цртаните би сакала да бидам. Можеби The Fairy Godmother од Shrek - имаше напивки за сè и тоа ми беше многу интересно“, напиша инфлуенсерката Марис во лексиконот на CRNOBELO.

maris-djolin-za-crnobelo-leksikon-ukradov-kuche-i-sakav-da-si-go-zadrzham-ama-sopstvenicite-me-videle-01_copy_copy.jpg

Инфлуенсерката Мариjа Илиев, која на Инстаграм е позната како Марис Џолин, се потпиша во лексиконот на CRNOBELO.com.

Таа ни откри неколку забавни детали за себе и за нејзините тинејџерски години - зошто украла куче, дали се степала, кој ѝ бил прв дечко, но и дали некогаш била заљубена...

Таа одговори на прашањата од лексиконот на CRNOBELO:

1. Како се викаш и дали имаш прекар?

Се викам Марија, а ме викаат Марис.

2. Колку години имаш и што си во хороскоп?

Имам 28 години, во хороскоп сум Лав, а родена сум на 30 јули 1995-та.

3. Која ти е омилена песна? А пејач и пејачка?

Песна: She will be loved - Maroon 5.

Омилена пејачка немам, но доста ја почитувам Senidah за стилот.

4. Омилена книга?

„Атомски навики“ - Џејмс Клир и „Ти си ѕвер“ - Џен Синсеро.

maris-za-crnobelo-leksikon-ukradov-kuche-i-sakav-da-si-go-zadrzham-ama-sopstvenicite-me-videle-08.jpg

5. Омилен глумец, глумица, филм, серија?

Глумец ми е Леонардо ди Каприо, а серија - Game of Thrones.

6. Имаш ли омилен спорт, клуб, спортист?

Немам.

7. Имаш ли милениче? Како се вика?

Имам три мачки: Мила, Свила и госпоѓа Ронка.

8. Кој ти е среќен број?

9.

maris-za-crnobelo-leksikon-ukradov-kuche-i-sakav-da-si-go-zadrzham-ama-sopstvenicite-me-videle-02.jpgфото: Дејан Џолев

9. Кој ти е омилен виц?

Немам ни тоа.

10. Кој ти е омилениот пијалак? А храна?

Сакам да пробувам различни видови коктели каде и да одам и различни видови бургери (или суши).

11. Кој ти е најдобар другар или другарка? Колку долго се дружите?

Мила и Слаѓана, а се дружиме од средно.

12. Каков ученик беше? Кој ти беше омилен предмет?

Бев одличен ученик, а најмногу сакав ликовно и англиски јазик.

maris-za-crnobelo-leksikon-ukradov-kuche-i-sakav-da-si-go-zadrzham-ama-sopstvenicite-me-videle-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg