Иван Наумовски за CRNOBELO лексикон: „Откачувам на 'Солзи сами капат, прости ми'“
16. Најголема беља што си ја направил во детството?
Играв фудбал дома и скршив прекрасна статуа поклон што мајка ми ја доби како признание.
17. Дали некогаш си се степал?
Како дете секако, како возрасен се служам со дипломатија.
18. Што правиш во слободно време?
Полнам батерии со шах, кафеана со друштво, тенис, скијање и добри филмови.
19. Ако имаш времеплов, во кое доба би сакал да се вратиш?
Во Пела од 332-ра до 323-та година пред Христа. Рамо до рамо со Александар.
20. Што немаш, а би сакал да имаш?
Имам фамилија и пријатели, значи имам сѐ.
21. Од што се плашиш?
Да не ми падне лото и да станам милионер.
22. Кој ти беше прв симпатија? Знаеш ли каде е денес и што прави во животот?
Има две дечиња и омажена е.
23. На која песна откачуваш во кафана?
Солзи сами капат прости ми... И така натака.
24. Најдобро потрошени пари во животот?
На патување.
25. Кое е најубавото место на светот?
Македонија!
26. Што би го прашал сопственикот на овој лексикон (CRNOBELO.com)?
Иван: Кога ќе правам концерт дали ќе дојде да ме слуша?
CRNOBELO.com: Веќе сме ти биле на настап, но додека го чекаме концертот (и билети за во прв ред), најдобро е да дојдеме на тим билдинг во Битола и да те слушаме во Кабарето.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Б. С. Б. | Црнобело