Симбол за единство – Клацкалката на границата помеѓу Мексико и САД прогласена за најдобар дизајн за 2020-та

Во 2019-та, на оградата што ги дели САД и Мексико беа „инсталирани“ клацкалки, кои го симболизираат единството помеѓу жителите на двете држави. Сега, овој проект беше прогласен за најдобриот дизајн за 2020-та година.

simbol-za-edinstvo-klackalkata-na-granicata-pomegju-sad-i-meksiko-proglasena-za-najdobar-dizajn-za-2020-ta01.jpg

Во 2016-та Трамп најави дека ќе гради ѕид на границата со Мексико, наводно за да го спречи нелегалното минување на мигрантите од соседната држава.

Според BBC, дотогаш на јужната граница со Мексико имало ограда од околу 1.000 километри, која го спречува нелегалното преминување на возила, но и на пешаци. Трамп изјави дека ќе огради уште поголем дел од границата, но и дека ќе ги замени оградите со ѕид.

До јануари годинава, додека траеја последните денови на Трамп во Белата куќа, била поставенa ограда со должина од 720 километри, но уште кога тој го најави ова, голем број Американци не го поддржуваа.

Во 2019-та, пак, беше направен и проект, кој важеше за еден вид на протест за овој подвиг, но и симбол за единство помеѓу жителите од двете држави.

View this post on Instagram

A post shared by Ronald Rael (@rrael)

На еден дел од оградата на границата беа инсталирани лулки, односно клацкалка, кои можат да ги користат луѓето од двете страни на оградата. Проектот наречен Teetrotter Wall им овозможи на Американците и Мексиканците заедно да ги користат клацкалките, без никој да ја премине границата.

Проектот брзо се прослави, а неодамна, пак, беше прогласен за најдобриот дизајн за 2020-та. Наградата беше доделена од страна на London’s Design Museum, а проектот беше апсолутен победник, но и победник во категоријата за транспорт.

Клацкалките се дело на професорот по архитектура Роналд Раел, кој работел на дизајнот неколку години.

„Ѕидот стана потпорна точка на односите меѓу САД и Мексико, а (со овој проект) децата и возрасните од двете страни се поврзани на значаен начин, покажувајќи дека она што се случува на едната страна има директни последици на другата“, напиша архитектот кога првпат ги сподели новостите за неговиот проект.

Роналд веројатно не очекувал никакви награди за дизајнот на клацкалката, бидејќи го направил со цел да покаже дека сите сме едно, без разлика од која држава доаѓаме.

„Навистина сум изненаден од оваа неочекувана почест. Уште поважно е што ова случува во период кога се надеваме на позитивна промена и сакаме да почнеме да градиме повеќе мостови отколку ѕидови“, изјави тој за наградата.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Лифт“ за чипс и уште 8 изуми со кои креативните дизајнери се надминале Направа која служи како лифт за вадење чипс од дното без да ги извалкате рацете,...
Шахти со кул цртежи и уште 11 неверојатни дизајни на јавни места низ светот Ветеринарна клиника со фасада во форма на куќарка за куче, автобуска станица во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg