Уникатен спој на ракотворби и фотографија - уметнички дела од изрежани лисја (фото)
Обидувајќи се да ги спои ракотворбата и фотографијата, еден артист прави уникатни уметнички дела со режење лисја кои потоа ги фотографира пред секакви позадини.
Канант Нуртазин е артист од Казахстан кој прави мали ремек-дела на лисја. Најпрво, тој ги реже лисјата, правејќи резби од животни, луѓе и разни сцени со многу детали, а потоа ги фотографира пред некаква позадина - небо, море, згради...
Крајниот резултат е уникатно уметничко дело кое изгледа навистина интересно.
„Сакам да ги режам листовите и да ги фотографирам пред убава позадина, со тоа правејќи комбинација од ракотворби и фотографии“.
За режењето на еден лист обично му требаат околу два часа, но покомплицираните дизајни му одземале многу повеќе време.
„Го правам цртежот на хартија, а потоа го лепам на листот за да стои стабилно додека го режам со жилет. Неретко листовите се кинат од ветрот кога сакам да ги фотографирам, па тогаш треба да ја повторам целата постапка“, споделува артистот.
Во продолжение погледнете ги најинтересните дела на Канант: