Како изгледа предлог дизајнот за еколошка зграда во Њујорк, која го „впива“ јаглеродот од воздухот?

Њујорк е познат по облакодерите, а сега изгледа ќе добие уште една градба која ќе ги засени сите. Уште подобро е што оваа градба ќе биде еколошка и ќе го намалува количеството на јаглерод во воздухот.

odlichen-predlog-dizajn-za-ekoloshka-zgrada-vo-njujork-koja-go-vpiva-jaglerodot-od-vozduhot-01.jpg

Студиото Rescubika, чие седиште е во Париз, неодамна сподели навистина интересен предлог дизајн за зграда во Њујорк. Дизајнот бил предложен како дел од проектот „City of Tomorrow“, чија цел е до 2050-та Њујорк да стане град без емисија на јаглерод.

Со висина од околу 700 метри, ова ќе биде една од највисоките згради не само во Њујорк, туку и во светот. Огромната градба, која го добила името „Mandragore“, ќе биде опремен со 30-тина ветерници, но и соларни панели поставени на површина од 2.000 метри квадратни.

odlichen-predlog-dizajn-za-ekoloshka-zgrada-vo-njujork-koja-go-vpiva-jaglerodot-od-vozduhot-02.jpg

Истовремено, во градбата ќе бидат сместени 1.600 дрвја, а на сите 160 катови ќе има „живи“ ѕидови со растенија. Токму со овој дизајн, градбата ќе апсорбира повеќе јаглерод отколку што ќе ослободува, па ќе го прочистува околниот воздух.

odlichen-predlog-dizajn-za-ekoloshka-zgrada-vo-njujork-koja-go-vpiva-jaglerodot-od-vozduhot-03.jpg

odlichen-predlog-dizajn-za-ekoloshka-zgrada-vo-njujork-koja-go-vpiva-jaglerodot-od-vozduhot-06.jpg

Со цел да се намали емисијата на јаглерод од зградата, за енергија ќе се користат соларните панели и ветерниците. За изградба ќе се користат многу природни материјали, со што дополнително ќе се намали загадувањето, а наводно градбата ќе има и поеколошки систем за затоплување.

И самиот дизајн на зградата е навистина добар – подолните катови наликуваат на брод, а кон задниот дел се издигнува огромната кула.

odlichen-predlog-dizajn-za-ekoloshka-zgrada-vo-njujork-koja-go-vpiva-jaglerodot-od-vozduhot-07.jpg

Кога ќе се земат предвид сите проблеми за кои овој проект има решение, ништо чудно во иднина да гледаме многу повеќе вакви згради, можеби дури и кај нас.

odlichen-predlog-dizajn-za-ekoloshka-zgrada-vo-njujork-koja-go-vpiva-jaglerodot-od-vozduhot-04.jpg

odlichen-predlog-dizajn-za-ekoloshka-zgrada-vo-njujork-koja-go-vpiva-jaglerodot-od-vozduhot-05.jpg

odlichen-predlog-dizajn-za-ekoloshka-zgrada-vo-njujork-koja-go-vpiva-jaglerodot-od-vozduhot-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Лифт“ за чипс и уште 8 изуми со кои креативните дизајнери се надминале Направа која служи како лифт за вадење чипс од дното без да ги извалкате рацете,...
Шахти со кул цртежи и уште 11 неверојатни дизајни на јавни места низ светот Ветеринарна клиника со фасада во форма на куќарка за куче, автобуска станица во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg