Не е случајност – зошто кај сите популарни брендови логото е од истата страна на облеката? (фото)
Некои ситници ги гледаме секојдневно, но впрочем никогаш не ги приметуваме, а приказната зад нив знае да биде многу интересна. Така е и во овој случај.
Кога ќе ги погледнете маиците и останатата облека на популарните брендови, ќе забележите дека секогаш логото е на истото место и на точно одредена страна.
Ништо што прават познатите брендови не е случајно, особено сега кога е ин да се носи брендирана облека. Она што можеби не сте го забележале е дека скоро секогаш логото на брендот се наоѓа на левата страна. Постојат 4 причини за ова:
1. Тоа е страната на која прво ни оди погледот
Од некоја причина, во која и да е ситуација, истражувањата покажале дека погледот прво ни „бега“ на левата страна. Секако дека производителите и маркетинг експертите го знаат ова и затоа нивното лого се наоѓа на таа страна.
2. Низ историјата па сè до денес, на оваа страна се ставале значки и медали
Владетелите и личностите на високи позиции во војската низ историјата секогаш ги носеле своите одликувања и признанија на левата страна.
3. Пишуваме од лево кон десно
Кога пишуваме, пишуваме од лево кон десно. Дури и кога ќе ги погледнеме разните веб страни, ќе забележиме дека логото е секогаш на левата страна.
https://www.instagram.com/p/CFJ2Vf-KNvE/?utm_source=ig_embed
4. Полесно се памти кога е на левата страна
Истражувањата покажале дека поголем број од луѓето го запаметиле логото, кога тоа се наоѓало на левата страна. Истото тоа истражување забележало дека 89% од брендовите го следат ова правило и логото го ставаат токму на левата страна.
(О)Милена | Црнобело