Талат, инспектор Томе: Илустратор ги црта ликовите од „Преспав“ и македонските ѕвезди како суперхерои
Како изгледаат Игор Џамбазов, Дритон Вејсели, момците од ДНК, Елена Ристеска и другите познати македонски личности во улога на суперхерои?
Ѓорги Атанасовски е илустратор кој ги црта ликовите од серијата Преспав, но и македонските познати личности како суперхерои.
Од каде идејата за ова, тој открива за CRNOBELO.com:
„Целата работа испадна спонтано... Пред некоја недела имавме предизвик за цртање со тема наш лик од минатото претставен како суперхерој, па така јас го нацртав Крали Марко. Потоа, ми дојде идеја да го нацртам Трајче Дрварчето како суперхерој остарен, односно Игор Џамбазов.
Па, на Инстаграм почна да ме следи Дритон Вејсели, па ми дојде идеја да го нацртам ликот на Талат од серијата „Преспав“, но и другите ликови како суперхерои. Во ова тешко време на пандемија кога седиме дома сметам дека нивните ликови во вакво издание носат смеa и радост.“
Делата на Ѓорѓи Атанасовски: