Модерно и необично - Спектакуларен дизајн на трговски центар во Јужна Кореја (фото)
Спектакуларна зграда го осветлува градот Гвангио, лоциран јужно од Сеул. Помеѓу класичните канцелариски згради, фасадата на новиот корејски трговски центар го привлекува вниманието на минувачите, но и љубителите на необичната архитектура.
Дизајниран од страна на ОМА / Chris van Duijn, трговскиот центар има камена мозаична фасада и серија геометриски прозорци кои предизвикуваат восхит и спектакуларнa глетка. Зградата исто така има и кровна градина.
Модерното архитектонско здание било инспирирано од езерото Gwanggyo и урбаниот зелен простор, односно паркот што го обиколува ова мало парче вода што го посетуваат 3 милиони луѓе годишно.
Погледнете како изгледа прекрасниот трговски центар во Јужна Кореја:
(О)Милена | Црнобело