Како да летате со цела куќа – Фото прошетка низ внатрешноста на најголемиот приватен авион
Приватните авиони пред пандемијата беа секојдневие за славните и богатите луѓе, но ништо не може да се спореди со авионот на еден бизнисмен од Блискиот Исток.
Boeing Business Jet 747-8i е најголемиот приватен авион во светот кој е во функција и може да се каже дека е симбол за луксуз.
Постојат само неколку вакви авиони кои се приватни, а наводно, овој модел најчесто го користеле светските власти за транспорт на важни личности.
Ентериерот на приватниот 747-8i е дизајниран од француската дизајнерка фирма Cabinet Alberto Pinto, а им биле потребни четири години за да го завршат дизајнот. Авионот има сè што би можеле да најдете во луксузен дом, па штом ќе се качите во него, заборавате дека се наоѓате во превозно средство.
Во внатрешноста има бања која не се ни споредува со тоалетите во „нормалните“ авиони, а има дури и туш-кабина - нешто што е вистинска реткост во авион.
Сопственикот од дизајнерите побарал нешто едноставно, што ќе го направи авионот како дом, а очигледно од компанијата го постигнале тоа.
Во авионот има една голема и неколку помали спални, а сите си имаат свој приватен тоалет. Главната спална се наоѓа веднаш под пилотската кабина.
Покрај спалните соби, во авионот има и просторија со телевизор и книги, салон за повеќе луѓе, канцелариски простор и трпезарија.
Што мислите, како би изгледало патувањето со ваков авион?