Balenciaga ја поткрева свеста за загадувањето – направи проѕирен кауч наполнет со оштетена облека
Брендот Balenciaga, во соработка со дизајнерот за мебел Хари Нуриев, направи нешто навистина интересно.
Тие направиле проѕирен кауч кој е исполнет со оштетена од познатиот бренд, што не е за продавање. Овој Balenciaga кауч е уметничко дело чија цел е подигнување на свеста за проблемите со загадувањето.
Како што велат од компанијата, овој кауч е пример за еко-свесен дизајн кој им дава втор живот на материјалите.
Каучот е направен и со цел да се охрабри рециклирањето и во дизајнот, и насекаде.
Доколку сакате ваков кауч и во вашиот дом, имаме лоши вести. Каучот е направен за настанот Design Miami 2019 и засега нема информација дека ќе биде пуштен во продажба.
Спирова С. | Црнобело