Во училиште не е сѐ „розово“? Ова италијанско училиште го докажува спротивното
Замислете да престојувате во училиште со розови пастелни надворешни sидови и вид на естетика којашто ќе ја издигне вашата атмосфера на едно повисоко ниво. Можеби звучи далеку за некои, но Училиштето „Енрико Ферми“ во прекрасните ридови на Торино, Италија, го постигна токму тоа.
Горенаведениот награден проект е дело на архитектонската фирма BDR од Торино.
Архитектите работеле на старата училишна зграда, која била изградена во 1960-тите во областа Ница Милефонти, за да ги претворат библиотеката, аудиториумот, кафетеријата, теретаната, училниците и јавните места во спектакуларна убавина.
Всушност, сѐ е толку волшебно и прекрасно, што не би се спротивставиле инспирацијата на овие врвни уметници да се преточи во некои од нашите образовни институции.
Во најголем дел, ѕидовите на секоја од собите во училиштето се отворени. Тоа е затоа што приземјето е проширување на јавниот простор, нудејќи низа услуги отворени за локалната млада заедница, како салата, библиотеката, аудиториумот и кафетеријата.
„Сакавме проект во можност за дијалог со постојната зграда и да ја револуционизира нејзината функција во исто време. Новите просторни елементи, транспаренти и дополнувања ја реинтегрираат оригиналната структура со цел „отворање на училиштето во градот “, објаснуваат во соопштението архитектите на проектот, Алберто Боторо и Симона Дела Рока.“
Бледо розовата и зелената боја можеби и не би биле првите две бои коишто природно би помислиле да ги споите, но токму тие се носители на магијата којашто го прави ова шармантно мало училиште да се издвојува од сите останати.
Во продолжение уживајте во прекрасните амбиенти на ова училиште:
Мила М. | Црнобело