Моќни илустрации што ги прикажуваат најголемите проблеми на денешницата
Даниел Гарсија е професионален илустратор кој се занимава со политички, социјални и општествени проблеми.
Тој има над 10 години искуство во соработка со разни компании, а долго време сакал преку неговите дела, да ги прикаже проблемите со кои е соочува денешното општество.
Даниел користи неколку медиуми – ги црта илустрациите рачно, а потоа ги бои на таблет. Во зависност од комплексноста, за една илустрација му се потребни од 1 до 3 дена.
Како се менуваат нашите врски поради технологија, колку сме зависни од робувањето на луѓето во сиромашните земји и кои се идеите што нè ослободуваат и заробуваат се само некои од важните прашања што си ги поставил тој.
Погледнете некои од неговите најдобри илустрации што ги обработуваат овие теми: