Најчудните домови во кои луѓето живеат
Стимпанк дом, Њујорк
Што се случува кога ќе го измешате ретро дизајнот со футуристички? Се разбира, стимпанк! Овој стан во Њујорк е направел во стимпанк стил и морате да признаете дека изгледа одлично.
Куќата Наутилус, Мексико
Оваа куќа е дизајнирана од Хавиер Сеносианин и наликува на школката наутилус. Навистина необично, но убаво живеалиште.
Palais Bulles
Оваа куќа е дело на Анти Ловаг, но овде живеел познатиот дизајнер Пјер Карден. Моментално куќата се користи како хотел, но доколку имате 350 милиони евра, може да биде ваша.
Домот на Вернер Пантон
Вернер Пантон е еден од најдобрите дизајнери на 20-тиот век. А не е ни чудно што неговиот дом е еклектичен микс од неговиот чуден и прекрасен вкус. Всушност, тој ја користел оваа куќа за да тестира многу од неговите идеи пред да ги понуди на пазарот.
Домот на семејството Вандербилт
Ова е можеби најморничавиот дом на листава. Иако куќата веќе не му припаѓа на семејството Вандербилт, тие се одговорни за нејзиниот изглед.
Спирова С. | Црнобело