Најчудните домови во кои луѓето живеат
Зарем има подобар начин да ја изразите вашата креативност од уредувањето на вашиот дом? Луѓето во продолжение го направиле токму тоа, и иако нивните домови не се за сечиј вкус, сепак предизвикуваат доза восхит.
Погледнете ги домовите со најлуди ентериери:
Куќата на сарказмот
Штом местото е познато како куќа на сарказмот, не треба да ве изненади лудиот ентериер. Сопствениците се господин и госпоѓа Чарлс Кларингболд кои се медиуми и го изнајмуваат нивниот дом на AirBnb.
Casa Neverlandia
Овој дом му припаѓа на пар хипици и целиот ентериер е инспириран од нивните визии и нивниот животен стил. Џејмс Талбот е еден од сопствениците и во минатото градел детски игралишта. Дел од неговата мината работа може да се забележи низ целиот дом.
Хотелот Nylo
Иако ова е хотел, а не дом, вреди да се најде на листата. Хотелот е дел од колекцијата Hilton Tapestry каде што се наоѓаат хотели со 3 и 4 ѕвезди.
Домот на Жан Пол Готје
Готје навистина ги сака ригите и ги има користено на многу модни парчиња, па дури и парфеми. Всушност, тој толку многу го сака овој дезен, што целиот дом му е декориран со него.
Куќата на Снежана, Вашингтон
Овој дом има и чуден ентериер, но и необичен екстериер. Оваа куќа од бајките дефинитивно е одлично место за одгледување деца.