Како изгледаат кујните на славните?
Познатите личности не штедат кога станува збор за уредување на нивите домови. Тие се украсени со најдобрите декорации, опремени со најновата технологија и најдоброто обезбедување што го нудат парите.
Овој пат ќе се фокусираме на еден дел од домовите на славните – нивните кујни.
Некои се минималистички, со чисти линии, додека другите се полни со светли бои и дезени.
Па, погледнете некои од најубавите кујни на славните:
Алек Болдвин
Алек Болдвин и неговата сопруга Хиларија сакаат поудобен и „поотворен“ дизајн. Нивната кујна наликува како онаа на повеќето „нормални‘ луѓе, па како богат пар, изгледа дека баш и не му е грижа за најновата технологија, туку за удобноста.
Бијонсе
Ова е кујната на Бијонсе и Џеј Зи во домот во Holmby Hills.
Кујната е пространа и има место за многу луѓе, а панорамскиот поглед е дефинитивно незаменлив.
Камерон Дијаз
Во 2008-ма година Камерон Дијаз купи прекрасен стан за 3 милиони долари. Целиот дом е украсен со храбри бои и уникатни детали.
Кујната има под од дабово дрво и навистина интересни висечки елементи. Оваа кујна го прави винтиџ дизајнот модерен.
Кортни Кокс
Кортни Кокс навистина ја сака нејзината кујна и минува многу време во неа. Таа верува дека кујната е место за собири и за уживање, па не е ни чудно што посветила многу внимание на нејзината.
Во нејзината кујна преовладуваат неутралните тонови и ниту еден елемент не е вишок.