10 библиотеки кои изгледаат како да се излезени од волшебниот свет на Хари Потер
Дури и да не сте љубител на пишаниот збор, морате да признаете дека некои библиотеки навистина оставаат без зборови. Понекогаш тие восхистуваат со нивната колекција, но понекогаш и градбата во којашто се сместени.
Во продолжение погледнете некоолку библиотеки чија архитектура нема да ве остави рамнодушни:
Книжарницата Carturesti Carusel, Букурешт
Оваа книжара се наоѓа во градба од 19-тиот век и е вистински претставник на старата и новата култура на Романија. Овде има простор за учење, за дружење, како и мал ресторан и галерија посветена на модерната уметност.
Библиотеката во колеџот Trinity
Оваа библиотека е изградена помеѓу 1712-та и 1732-ра година. Долгата просторија од библиотеката има должина од 65 метри и е исполнета со 200.000 од најстарите книги на библиотеката. Покрај тоа, украсена е со мермерни бисти од многу писатели и филозофи.
Библиотеката во опатијата Адмонт
Оваа прекрасна библиотека е составена од три дела. Долга е 70, а широка 14 метри и нејзината колекција ја сочинуваат околу 700.000 книги. Библиотеката има и над 1.400 ракописи кои датираат од 8-миот век.
Книжарницата Lelo, Порто
Книжарницата е отворена од браќата Хозе и Антонио Лело во 1881-ва година. Највпечатливиот детаљ на книжарницата се црвените скалила кои се поставени во центарот на просторијата.
Правната библиотека во Универзитетот во Ајова
Во оваа библиотека се наоѓа комората на Врховниот суд на Ајова, па поради тоа е наречена правна. Библиотеката е изградена помеѓу 1871-ва и 1886-та година и поседува специјализирана правна збирка на државни, федерални, регулаторни и судски закони. Украсена е со спирални скалила, мермерни столбови и големи лустери.