19 тетоважи што на тату артистите им е смачено да ги прават
Мандали и силуети на дрва
„Не знам, но 20 години од денес ќе има многу стари луѓе со мандали и силуети на дрва како тетоважи.“
Мустаќи на внатрешноста на показалецот
„Имам видено толку многу луѓе што тетовираат мустаќи на показалецот.“
Две букви М на задникот
„Мојот тату артист ми кажа дека повеќе не тетовирал М на задниот. Шегата е што кога ќе се наведнете, ќе пишува MOM (мама). Оваа шега е веќе застарена.“
Астролошки знаци
Тетоважи на лицето на 18-годишници
„Немам против тетоважите на лицето. Проблемот што сакаат да ги прават 18-годишници бидејќи сакаат одреден изглед. Поп културата ги направи поприфатливи отколку што навистина се. На крајот од денот, во повеќето кариери ќе се соочат со невработеност.“
Октоподи
„Навистина ми е преку глава од тетоважите со октоподи. Сите кои имаат по една мисла дека се уникатни и не сфаќаат дека ова е навистина популарна тетоважа.“
Буквално зборовите „твоето име“ на нечиј задник.
Симболот на реликвиите на смртта
„Мојот пријател кој е тату артист има изјавено дека го тетовирал симболот од Хари Потер 15 пати во неговата кариера.“
И за крај, знакот за бесконечност
„Го завршував последниот муштерија кога некој се јави во студиото. Секретарката го праша артистот дали има време за уште една тетоважа денес. Праша што е, и кога секретарката му кажа дека е знакот за бесконечност, тој рече дека му е преку глава од знакот за бесконечност и дека не може да го тетовира. Можам да кажам дека на мојот артист му е смачено од знаци за бесконечност“
Спирова С. | Црнобело