19 тетоважи што на тату артистите им е смачено да ги прават
Неодамна, еден корисник на Редит го поставил прашањето: „Тату артисти, кои се делата што веќе ви е смачено да ги правите?“
Во продолжение можете да ги погледнете нивните одговори:
Големи мачки со круни
„Главниот артист во мојата работилница навистина ги мрази големите мачки (особено лавовите) што носат круна. Во околу еден месец, тој направи 5 реалистични лавови со круна на момци што сакаа да се чувствуваат како кралеви. Почнав учтиво да ги одбивам кога луѓето прашуваат за нив.“
Сидро, најчесто со зборовите „Не тони“
„И кога ќе ги прашам што значи, секогаш ми одговараат 'Симболизира дека ништо не може да ме држи долу.'“
Шуми околу рацете на луѓето
„Мојот тату артист ми кажа дека повеќе не тетовира шуми околу рацете луѓето.“
Тетоважи со хемија
„Имам неколку тетоважи со хемија и мојот артист прокоментира за девојки што си тетовираат допамин, серотонин и окситоцин заедно со зборот 'Среќа'. Изгледа дека сум претерала.“
Целата библија
„Воопшто не сум религиозен, но мислам дека досега ја имам истетовирано целата библија.“
Палми
„Мојата локална работилница на Карибите брои колку пати тетовираат палми на глуждовите на девојки.“
Џебни часовници опкружени со рози
Баркодови
„Мојот пријател толку се измори од тетовирање баркодови на врат, што направи игра и користи смешни продукти за референци. Па ако муштеријата ја скенира тетоважата, ќе види дека баркодот е за продукти за хигиена, пире и слично.“
Координати
Контурите на Пајкс Пик
„Отидов кај еден тату артист во Колорадо. Ме праша што сакам да тетовирам и кога му реков контури, ми се извини и ми рече дека ако треба уште еднаш да ги тетовира контурите на Пајкс Пик ќе полуди.“