На Амазон се продава летната „тераса“ од соништата
Веројатно веќе знаете за куполите за изнајмување што стануваат сè повеќе пуларни. Но изгледа дека сега нема потреба да давате илјадници евра за само една ноќ на вакво место.
Имено, на Амазон се продава „летно игло“ што можете да го составите самите и да го поставите каде што сакате. На некој начин, ќе си ја направите сами летната тераса од соништата.
Можете да го гледате ова како инвестиција за себе, бидејќи животот е навистина стресен и потребно ви е место за опуштање. Иако можеби склопувањето на куполата ќе ви одземе два часа и повеќе, резултатот навистина е вреден.
Според коментарите, повеќето корисници се задоволни од производот. Еден купувач напишал:
„Купивме една откако бевме во хотелот Watergate и изнајмивме нивно иглу за вечера. Минатата година ја поставивме куполата во нашиот двор во Вашингтон, а оваа година ја преместивме на викендицата.
Местењето на почетокот ќе ви одземе многу време, можеби помалку од два часа. Вториот пат ќе ви бидат потребни помалку од 30 минути. Навистина ни се допаѓа за во зима.“
Да, можете да ја употребувате куполата и во зима. Ова значи дека штом ќе помине летото, нема потреба да мислите каде ќе ја сместите, туку можете да имате ваша мала тврдина и во студените месеци.
Куполата е направена од рециклирачки материјали. Во зимските месеци овој стакленик има потреба од 40% помалку топлина отколку вообичаените стакленици поради неговата форма.
Па сега ќе можете да уживате летниот сладолед, па дури и во зимскиот чај, од удобноста на вашиот дом.
Спирова С. | Црнобело