Вреќички чај кои ќе ја претворат вашата шолја во мини аквариум
Онлајн продавницата Ocean-Teabag навистина си го оправдува името со шармантните вреќички за чај што го слават морето.
Започнат од Такахаши Шота, овој јапонски проект го сочинуваат вреќички чај во форма на лигња и октопод. Прецизно изработена со слоеви, превиткувања и дупчиња, секоја креација има препознатлива форма на некое од суштествата. Кога ќе ја ставите вреќичката во врела вода, таа како да оживува и плови во својот минијатурен океан.
Доколку се сомневате за вкусот, не грижете се. И лигњата и октоподот имаат вкусови што веќе ви е познати. Лигњата содржи црн чај инспириран од црното масло што го испуштат лигњите, додека октоподот е комбинација од чаеви кои се одлични за попладне.
Можете да најдете и вреќички во форма на други морски животни, а доколку повеќе ви се допаѓаат сувоземните животни, компанијата нуди и вреќички чај во форма на ракун, видра, панда и слично.
Спирова С. | Црнобело