97-годишен дедо го спасил своето село, цртајќи уметнички дела по куќите
Хуанг бил единствениот жител во селото и сакал по секоја цена да го сочува и да му ја врати душата. За среќа, успеал во тоа!
Пред десетина години 86-годишниот Хуанг Јунг-Фу се соочил со опасноста тајванската влада да го затвори неговото село бидејќи тој бил единствениот преостанат жител.
Владата сакала на тоа место да изгради модерен комплекс со апартмани.
Му биле понудени пари за да спакува сè од неговиот дом и да се пресели на друго место. Но, тој не можел да го стори тоа затоа што куќата што ја имал во тоа мало тајванско село му била единствениот дом за кој знаел.
Затоа почнал да црта на старите трошни куќи и целото село го претворил во уметничко дело. Хуанг станал познат како „Rainbow Grandpa“.
Некогаш во ова село живееле 1.200 луѓе, но сите се отселиле, но откако уметничките дела на Хуанг станале познати, почнале дури да се собираат донации за спасување селото од уништување.
Емотивната приказна ги освоила сите и туристи почнале да доаѓаат секоја година. Сега, во селото одат по 1 милион туристи годишно.
Најдобро од сè е што Хуанг го задржа својот дом.
Неговото прекрасно село:
С. С. | Црнобело