10 работи кои тату артистите би сакале да престанете да ги правите
Не носете цело друштво со вас
Во ред е да носите еден пријател за емоционална поддршка, но не е во ред да носите цела дружина која ќе го деконцентрира тату артистот.
Не бидете глуви за советите
Тату артистот знае подобро од вас како вашата тетоважа ќе изгледа во текот на годините, па слушајте ги неговите сугестии. Можеби ќе ви даде совети околу големината и местоположбата.
Не нанесувајте премногу или премалку од препорачаната доза маст
Многу јасно се гледа разликата помеѓу тетоважа за која некој се грижи и тетоважа за која некој не се грижи.
Ако сакате таа да остане убава, внимателно слушајте ги упатствата во периодот на закрепнување, како што се нанесување маст, крема за сончање итн.
Не си правете тетоважа додека сте пијани
Никој не сака да тетовира пијани луѓе кои не седат мирни, кажуваат глупости и крварат многу. Да, алкохолот ќе го предизвика тоа, па крвта ќе го спречи тату артистот да си ја заврши добро работата.
Не правете тетоважа затоа што другите сакаат
Ова е најголемата грешка според тату артистите. Во ред е да прашате некој друг за мислење, но не е во ред да ставате некоја тетоважа без значење само затоа што вашето момче/девојка смета дека добро би изгледала на вас.
С. С. | Црнобело