10 работи кои тату артистите би сакале да престанете да ги правите
Професионалните тату артисти откриваат дека клиентите упорно прават работи што ги вадат од такт. Одење нетуширани, со цела дружина, под дејство на алкохол.... Не, не, не!
Тату артистите работат секој ден со часови во некомфорни позиции обидувајќи се да креираат уметничко дело. Но, клиентите понекогаш навистина ги истоштуваат.
Работи кои тату артистите сакаат да престанете да ги правите:
Не заборавајте да дишете при процесот
Луѓето понекогаш го задржуваат здивот при тетовирањето со надеж дека така нема да мрдаат, но тоа не е во ред, може да доведе до онесвестување.
Не правете планови за веднаш по терминот
На тату артистот дадете му време за да дизајнира за сè да биде совршено. Дури и за мала тетоважа планирајте дека може да се задржите 2-3 часа.
Не договарајте ништо потоа за да не му вршите притисок да брза.
Не заборавајте да појдете чисти
Истуширајте се пред поаѓање затоа што тату артистот ќе биде блиску до вашето тело долго време и треба да мирисате пријатно.
Бидете мирни
Обидете се да не се смеете затоа што целото ваше тело се тресе. Останете мирни затоа што таа тетоважа ќе ви биде на телото до крајот на животот.
Не го проверувајте телефонот при тетовирањето и не зборувајте со другарката што е со вас.
Не одете на плажа со тазе тетоважа
За да избегнете проблеми со сонцето, водата и песокот, добро испланирајте кога ќе се тетовирате.
Дадете си време од 2 седмици пред да бидете во допир со плажа или базен полн со бактерии.