Како честитки со љубовни пораки предизвикаа бес и станаа вирален хит на Твитер?
Лавина од луѓе ги прогласија честитките за навредливи и порачаа да не бидеме со сфаќања како од 1950-тите.
Фотографија од 2 честитки со пораки стана вирален хит на Твитер и се покрена дебата за стереотипите околу половите.
Станува збор за една розова честитка на која пишува: „Ти си тип на девојка на која би ѝ купувал цвеќиња“ и сина картичка на која пишува: „Ти си тип на момче на кое би му правела сендвичи.“
Многу луѓе ги опишаа картичките како сексистички. Луѓето коментираа дека картичките како да се од 1950-тите година кога имаше архаични сфаќања за половите, па мажите и жените имаа строго одредени улоги во врската и домот.
Еден маж напиша: „Што ако јас сакам да ѝ направам сендвич на жена ми, а таа да ми купи цвеќиња на мене?“
Што мислите вие, дали сметате дека честитките се романтични или навистина се лошо претставување на половите?
https://twitter.com/NatashaHodgson/status/1114189380862840832/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fd-37132107611140817904.ampproject.net%2F1903141753530%2Fframe.html
https://twitter.com/NatashaHodgson/status/1114189380862840832/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fd-37132107611140817904.ampproject.net%2F1903141753530%2Fframe.html
https://twitter.com/jessfox12/status/1114603654147919873/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fd-37132107611140817904.ampproject.net%2F1903141753530%2Fframe.html
С. С. | Црнобело