Како сами да ја направите Божиќната трпеза беспрекорна? (фото)
Божиќниот ручек или вечера секоја година е причина да седнете и наздравите со најблиските, прославувајќи го Христовото раѓање и покажувајќи се во најдобро светло како домаќини.
Па, ако и оваа година вам ви припадна честа да спремите вкусни специјалитети и да ги пречекате гостите со полна трпеза, веруваме дека сакате таа да биде беспрекорна.
Како да го изведете тоа сами?
Започнете од ситниците. Превиткајте ги салветките во необични форми, поставете ги имињата на гостите во чинијата, декорирајте ја масата со свеќи и зеленило, направете аранжмани во стаклени теглички...
На идеите им нема крај, ваше е да ги одберете оние кои ви се најлесни и најизводливи:
М. Д. | Црнобело