Подлошки за пиво со историските моменти од светските првенства во фудбал
20 дизајнери ги пренесоа најинтересните моменти од светските првенства во фудбал, на подметнувачи за кригли за пиво, во чест на светското првенство во Русија.
Идејата за создавање на оваа колекција на подлошки е да се соберат пари за добротворната организација „Фудбал без граници“.
Во дизајните се наоѓаат моменти коишто ги памтат дури и оние коишто не следат фудбал, како што се: црвениот картон на Бекам против Аргентина во 1998 година, ударот со глава на Зидан во градите на Матераци во 2006 година и секако „раката на Господ“ на Марадона во 1986 год.
Братислав Миленковиќ ја креираше подлошката од фамозниот гол со рака на Марадона во пост-конструкторски дизајн.
Мејсон Лондон ја креираше подлошката која го претставува удирањето со глава на Зидан врз Матераци, којшто е заменет со маскотата од Светското првенство во Италија 1990 година.
Ден Вуџер ја креираше подлошката со глумењето на Ривалдо во 2002 година.
Џек Ренвик ја креираше подлошката во типографија којашто нè потсетува на каснувањето на Суарез на првенството во 2014 год.
Хуморот е целта на овој проект, каде разни дизајнери понудија свој осврт на настаните од светските првенства, па така меѓу подметнувачите ќе ја најдете и познатата смешна фризура на Роналдо од Светското првенство во Јапонија 2002.
Погледнете ги останатите дизајни за подлошките за пиво:
(О)Милена | Црнобело