Идеи за едноставни маски во последен момент за 1-ви април
Ако сте од оние кои се љубители на маскенбал, тогаш веројатно веќе одамна сте ја нашле вашата маска за 1-ви април.
Но, ако целосно сте заборавиле на овој ден, или не сте планирале да правите нешто, па во последен момент сте одлучиле да одите на забава, имаме решение за вас.
Искористете го викендот и проверете што може да искористите од дома, за да направите идеална маска со која ќе изгледате кул.
Во зависност од маската, може да позајмите нешто од баба и дедо, од родителите, од пријатели, или пак, да гледате туторијали и сами да направите нешто набрзина.
И не грижете се, не мора строго да се држите до правилата и аутфитите, може да најдете било што слично на овие.
Ако овие идеи за брзи маски не ви се доволни, ви нудиме уште неколку идеи, одберете најдобра и фатете се за работа:
Suicide Squad
Денерис Таргариен
Штребер
Круела де Вил
Барби и Кен
Пилот и стјуардеса
Туристи
Црниот лебед
Флинстонови
М. М. | Црнобело