Најуникатниот локал на МекДоналдс во светот (фото)
Дали можете да замислите како јадете „Big Mac“ во просторија во класичен стил со свеќи на масата?
Во локалите на најголемиот синџир на ресторани за брза храна МекДоналдс има одредени варијации, но тие сепак следат точно определени правила и изгледаат слично.
Токму затоа ќе ве изненади изгледот на локалот на МекДоналдс во Мејн во САД. Тој е во елегантен класичен стил со златни лакови, формална трпезарија, дрвени столици и маси со свеќи.
Куќата е изградена во 1850 година, а во 1984 е претворена во МекДоналдс. На синџирот за брза храна не му било дозволено да прави драстични промени во куќата и морал да го задржи викторијанскиот стил.
Фотка од минатото
Дури и менито во овој МекДоналдс е поинакво, па таму можете да консумирате и лосос.
Но, ова не е единствениот исклучок на МекДоналдс. Необични локали има и во Њујорк и Охајо, сепак, овој навистина се издвојува.
Како ви се допаѓа овој поинаков локал?
С. С. | Црнобело