Првиот „град шума“ во светот ќе биде изграден во Кина (фото)
Ова е еден од начините кои Кина ги пронајде за справување со екстремно загадениот воздух.
За неколку години отсега во Кина ќе никне т.н. град шума. Градот „Liuzhou Forest City“ ќе биде покриен со милиони растенија.
Италијанскиот архитект Стефано Боери вели дека тој град ќе биде дом на 30.000 жители.
Архитектите се надеваат дека градот ќе апсорбира околу 10.000 тони јаглерод диоксид, 57 тони загадувачи и ќе продуцира 900 тони кислород секоја година.
Деловни простори, домови, хотели, училишта болници ќе бидат покриени со 40.000 дрвја и милион растенија од повеќе од 100 видови.
Градот ќе биде покрај река, секаде ќе се користи соларна енергија и електрични автомобили.
Архитектите се надеваат дека овој град ќе има одличен квалитет на воздух, пониски температури и помала врева. Исто така, се надеваат ќе го населат и многу видови на птици, инсекти и мали животни.
Еве како ќе изгледа „градот шума“:
С. С. | Црнобело