Мразите да пеглате? Смислен изум кој „гланца“ 12 кошули за 3 минути (видео)
Сите на кои им се темни кога ќе го видат насобраниот куп неиспеглана облека, конечно може да воздивнат од олеснување.
Чудото од пегла кое го измислиле двајца британски иноватори е наречено Effie, а може да испегла 12 парчиња облека за само 3 минути.
Пегла сè – маички, кошули, блузи, панталони, па дури и долна облека, за оние најпедантните.
Уредот е поврзан со мобилна апликација која ви јавува кога пеглањето е завршено.
Дополнително на тоа, има и мал резервоар во кој може да додадете мирис, па облеката ќе биде и уредно испеглана и мирислива.
Првиот Effie ќе се појави на пазарот во март 2018-та, а засега единствен проблем е цената, која изнесува 785 евра.
М. Д. | Црнобело