8 чудни дизајни кои им донеле богатство на луѓето кои ги смислиле
Модерното време во кое живееме им дава на луѓето многу идеи и шанси како да заработат од необичните идеи.
Па, некои луѓе отишле чекор подалеку и се обиделе да продадат дизајн за кој никој друг немал храброст претходно.
И успеале!
1. Светилка за тоалетот
Едно парче чини 10 долари, а целиот концепт и идејата денес чинат околу 226.000 долари.
2. Полнење на 100 водени балони за 1 минута
Проект кој заработил точно 929.160 долари.
3. УСБ кое од секој предмет може да направи тастатура
Идејата ги воодушеви луѓето, па така денес дизајнерот е побогат за 200.000 долари.
4. Автоматска четка за заби
Може да ви ги исчетка забите за 10 секунди, автоматски, без да правите ништо. Не е ни чудо што за 1 месец изумот заработи над 3,5 милиони долари.
5. Гумен јазик за чистење на мачката
Гадно или симпатично, уште не можеме да одлучиме. Но, има луѓе кои со задоволство би ја четкале мачката со гумен јазик и затоа идејата денес чини 52.000 долари.
6. Свеќа со скелет
Идејата е едноставна – кога восокот ќе се стопи останува метален скелет. А, благодарение на неа сега дизајнерот е „потежок“ за 102.000 долари од произведување свеќи.
7. Гризли бунда
Еден од најдобрите примери дека не секогаш ви треба практична идеја за да направите пари. Денес дизајнерот заработил скоро 30.000 долари за оваа идеја.
8. Картичката која никогаш не престанува да свири
Изгледа како обична музичка честитка, но штом еднаш ја отворите – ќе сфатите дека сте направиле грешка. Картичката не престанува да свири во наредните 3 часа, или додека физички не ја уништите. Дизајнерот заработил 92.000 долари од нервозата на луѓето.
М. Д. | Црнобело