Eднорозите и фламингата се „аут“: Што им е најнов хит на трендсетерките?
Тековното лето, владее еден нов луксузен тренд на социјалните мрежи, поради кој сите гумени претходници паднаа во сенка. Кои се моментално најактуелните аксесоари за на базен или плажа?
Кого воопшто го интересираат класичните гуми, перничиња и душеци за пливање, кога може да си пловиме на гумени крофни, фламинга, еднорози и лебеди?
Уште минатата година беа мошне популарни, но тоа не е ништо во споредба со оваа сезона, кога слатките летни реквизити на надувување, ги посакуваат буквално сите.
Но, еден нов тренд завладеа на социјалните мрежи, оставајќи ги сите негови претходници во сенка. Првенствено, се работи за душеците во облик на ангелски крилја, кои ги произведува американскиот бренд „Funboy“, a многубројни Инстаграм кориснички веќе си ги набавија своите примероци.
Иако изгледаат прекрасно и луксузно, па со нив секако ќе бидете ѕвезда на секоја плажа, лошата вест е нивната цена од 128 долари, која и не е баш занемарлива.
Споменатиот бренд има уште неколку интересни пловечки парчиња, како морски коњчиња, пауни, усни, виножита, па дури и јахти, а нивните цени се движат од 49 до 99 долари.
Сепак, со оглед на тоа што „high-street“ брендовите имаат обичај да изработуваат поефтини верзии на парчињата за кои постои голем интерес, можеби не е лошо да причекате уште малку, па да си зграбите некое од нив по поповолна цена.
Англелски крилја или гумена јахта - кој е вашиот фаворит за водени лудории?
М. А. | Црнобело