Какви тајни кријат најпознатите холивудски логоа?

На сите ни се добро познати логоата на најголемите холивудски продукциски куќи, без разлика дали се стари како „Metro-Goldwyn-Mayer“ и „Disney“ или нови како „Pixar“.

kakvi-tajni-krijat-najpoznatite-holivudski-logoa-01.jpg

Но, дали знаете какви интересни приказни кријат зад себе?

„DreamWorks Pictures“

Продуцентите очекувале ликот кој лови да биде возрасен човек, но главниот уметник кој бил задолжен за логото, Роберт Хант, решил да наслика момче. На крајот, идејата била прифатена.

kakvi-tajni-krijat-najpoznatite-holivudski-logoa-1.jpg

„Сolumbia Pictures“

На почетокот не постоел специфичен модел по кое било направено логото, но во 1992-та година, уметникот Мајкл Деас ја најмил Џени Џозеф да биде модел за логото.

kakvi-tajni-krijat-najpoznatite-holivudski-logoa-2.jpg

„Metro-Goldwyn-Mayer“

Идејата за логото, Хауард Дитц, ја добил благодарение на Универзитетот каде студирал. Спортскиот тим на Универзитетот во Колумбија има име „Lions“.

Откако првпат се појавува MGM, сменети се 5 лавови, Слатс, Џеки, Танер, непознат лав и Лео.

kakvi-tajni-krijat-najpoznatite-holivudski-logoa-3.jpg

„Paramount Pictures“

За ова лого, уметникот Вилијам Хоџкинсон, насликал планина слична на Бен-Ломонд која се наоѓа во Јута.

kakvi-tajni-krijat-najpoznatite-holivudski-logoa-4.jpg

„Warner Bros.“

Едноставното лого треба да го претставува презимето на браќата кои стојат зад ова компанија, но Ворнер не е нивното вистинско презиме. Нивното вистинско презиме е Ајхелбаум, кое подоцна го смениле во Ворнер.

kakvi-tajni-krijat-najpoznatite-holivudski-logoa-5.jpg

„Walt Disney“

Логото на најпознатото студио за анимирани филмови претставува замок. Првиот замок кој служел за инспирација бил Нојшванштајн, а во 2006-та година е заменет со замокот на Пепелашка во Париз.

kakvi-tajni-krijat-najpoznatite-holivudski-logoa-6.jpg

„Pixar“

Логото е креирано благодарение на успешната премиера на компанијата која била претставена со ламбата „Suite Jr.“ во 1986-та година.

kakvi-tajni-krijat-najpoznatite-holivudski-logoa-7.jpg

„Castle Rock Entertainment“

„Castle Rock Entertainment“ денес е откупена од „Warner Bros.“, но нивното лого сè уште стои. Инаку, оваа компанија името и логото ги добила по првиот филм кој го направиле, по книга на Стивен Кинг, „Needful Things“. Во книгата и филмот, дејството се случува во градот Castle Rock кој има светилник ист како оној од логото.

kakvi-tajni-krijat-najpoznatite-holivudski-logoa-8.jpg

„Lionsgate“

Името и логото на оваа компанија доаѓаат од мостот „Lionsgate“ кој се наоѓа во Ванкувер, градот каде е роден основачот на компанијата, Роберт Алтман.

kakvi-tajni-krijat-najpoznatite-holivudski-logoa-9.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шахти со кул цртежи и уште 11 неверојатни дизајни на јавни места низ светот Ветеринарна клиника со фасада во форма на куќарка за куче, автобуска станица во ...
Несразмерни прозорци и уште 11 ужасни „архитектонски“ дела низ светот (фото) Чудни доградби на фасада кои воопшто не одговараат во стилот на зградата, врати ...
Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...
Брзи првоаприлски маски за деца - може да ги направите во последен миг Направете гроздови од балони, брзо венче за еднорог, или јаготка од хартија... К...
Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...
Минималистички тетоважи за родители - љубовта кон децата вечен цртеж на телото (фото) Ако сакате љубовта кон децата и семејството да ја врежете засекогаш на вашето те...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg