Случаен генијален изум – чаши кои се забодуваат во песок и лебдат во вода

Најдобрите изуми се најчесто случајни и спонтани. Овие чаши за вино наменети првенствено за уживање на плажа се прилично добар пример.

Casi-za-vino-koi-se-zaboduvaat-vo-pesok-i-lebdat-vo-voda-01.jpg

Како иноваторите Џејсон Клинг и Дејвид Д’Агостино дошле до изумот? Едноставно, се релаксирале на плажа со полни чашки вино, кога случајно дното од едната чаша се одвоило од останатиот дел.

Џејсон едноставно го забодел останатиот дел од чашката во песокот. Така се родила идејата за „The Beach Glass“, а првата серија произведени чаши се продала за само 3 месеци.

Чашите се достапни во 2 различни стилови и 11 бои, а имаат изработено и колекција со поморски мотив. Најдоброто од сé? Чашките може да си ги понесете и во вода без да се плашите дека ќе ви се истури пијалакот бидејќи тие лебдат без да потонат.

Момците отвориле дури и втора фабрика за производство на популарните чаши поради големата побарувачка.

Casi-za-vino-koi-se-zaboduvaat-vo-pesok-i-lebdat-vo-voda-01_2.jpg

Едноставна идеја – милион долари.

Можеби мислите дека чашките немаат никаква намена освен ако не сте на плажа, во шума или парк каде што може да ја забодете чашката во земја или песок, но дизајнерското дуо смислило решение и за ова – дно изработено од проѕирен акрил доколку сакате чашката да ја споите со потпорниот долен дел и да продолжите со нејзиното вообичаено користење.

Прилично паметна работа, особено за оние што сакаат да пијат бело вино, розе, пивце или коктел на плажа, во парк или можеби на снег, нели?

Погледнете како изгледаат:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Готски замок во Трансилванија е како сцена од мрачна бајка (фото) Овој замок во Трансилванија е една од најголемите и најимпресивни градби во Евро...
Несразмерни прозорци и уште 11 ужасни „архитектонски“ дела низ светот (фото) Чудни доградби на фасада кои воопшто не одговараат во стилот на зградата, врати ...
Идеи за заеднички тетоважи со најдобрите пријателки Пеперутките симболизираат трансформација, па ако се познавате подолго време и ст...
Туторијали за Halloween маски само со шминка (ако оставивте за последен момент) Ако во последен момент одлучивте да одите на некоја Halloween забава, а немате м...
Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...
„Лифт“ за чипс и уште 8 изуми со кои креативните дизајнери се надминале Направа која служи како лифт за вадење чипс од дното без да ги извалкате рацете,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg