Ги сакаме за пролет: Бели рециклирани патики на Адидас
Брендот Адидас и модната дизајнерка Стела Мекартни ја промовираа новата верзија на патиките „Ultra Boost“, чиј горен слој е изработен од пластика рециклирана од морето.
Патиките за трчање чиј горен слој е „исплетен“ од синтетички влакна создадени од рециклирана океанска пластика го заменува стандардниот материјал со кој се изработуваа ваквиот тип на обувки досега.
Овој модел е прилично популарен бидејќи одлично „лежи“ на стапалото и се навлекува буквално како чорап. За удобноста и нема потреба да се зборува кога позади креацијата се потпишува бренд како Адидас.
Стела Мекартни која е позната по својот необичен пристап во дизајнирањето, ја истакнува одржливоста како фундаментална основа на она што го работи.
„Силно верувам во етичката изработка на облека и обувки создадени со цел да бидат трајни и издржливи, а ова е идеологија која ја канализирам во секое едно парче кое го создавам. За мене, зачувувањето и почитувањето на планетата е основен принцип според кој работам и секогаш се трудам да го вметнам во моите дизајни“, завршува британската дизајнерка.
Според изгледот на патиките, соработниците завршиле одлична работа.
Кој не сака бели рециклирани патичиња за во пролет?
(O)Милена | Црнобело