Како сами да си направите перница-јазол, најголемиот хит во моментот? (видео)
Доколку ги разгледате омилените профили за уредување ентериери на Инстаграм, сигурно ќе забележите дека насекаде ги има популарните јазол-перници.
По прекривките кои наликуваат на дебели џемпери, пролетната сезона ни донесе нов хит: преслатките перници инспирирани од јазлите. Тие се меки, а како што и наговестува и самиот назив, потсетуваат на огромен јазол.
Симпатичниот детаљ за домот веќе ги освои дизајнерите за внатрешно уредување, а достапен е на пазарот во речиси сите бои и дезени на ткаенината. Изгледа одлично како декорација на софата, столиците и креветите, а е супер додаток и за гарнитурата во градината или детските соби.
За да ја изработите сами, потребно ви е само креативност, малку време и уште помалку материјали. Сè што треба да направите е да креирате долга цевка од ткаенина, а потоа да ја наполните со полиестер. На крајот, од меките „цевки“ создавате јазол и имате нов, прекрасен украс за домот.
Видеото во продолжение нуди детален преглед на самата постапка, а во галеријата под него, пак, ви претставуваме неколку инспиративни идеи за тоа како да го дизајнирате, но и каква сè намена може да имаат во вашиот дом.
М. А. | Црнобело