Најбрзите патики во светот се со етикетата „Nike“
Последната креативна иновација на компанијата „Nike“ ќе ви го сврти умот. Аеродиманичните патики се специјално дизајнирани за тројца атлетичари - Eliud Kipchoge од Кенија, Lelisa Desisa од Етиопија и Zersenay Tadese од Еритреја, кои се надеваат дека ќе го истрчаат маратонот со должина од неверојатни 42.19 km за помалку од 2 часа.
А за да ја истрчате оваа должина ви требаат неверојатно удобни и издржливи патики, па Најк го прифати предизвикот создавајќи ултра лесна патика со тежина од само 185 gr.
Тие нудат и одлична поддршка за болката во зглобовите која ја предизвикува трчањето на тврдата бетонска патека.
Досега не се изработени патики со оваа минимална тежина, а да имаат толку големи потпорни перничиња во себе. Ова дефинитивно се најбрзите патики направени досега.
Останува да видиме дали ќе си го оправдаат епитетот за време на маратонот.
Ви се допаѓаат ли?
(О)Милена | Црнобело