Велосипедот на нашето детство „Пони“ се враќа на пазарот
Култниот „Пони“ велосипед на словенечката компанија „Рог“ повторно ќе воскресне. Главниот виновник за ребрендирањето и новите модели е гигантот „Горење“, кој ја откупи матичната компанија која првично го направи омилениот велосипед од нашето детство.
Новите „Пони“ модели ќе бидат достапни за продажба не само во Словенија, туку на територијата на цела поранешна Југославија. Нашиот омилен ретро-велосипед, лесен за склопување, возење и одржување, а воедно бесмртно издржлив ќе се врати наредната година.
Планирани се 3 различни дизајни на „Пони“ достапни во 28 бои, а ќе виде вклучена и електрична верзија на велосипедот.
Ова задоволство сепак доаѓа по висока цена, па сите споредби со лесно достапниот велосипед за купување од минатото паѓаат во вода.
Имено, тие започнуваат од €329 до €789 евра, во зависност од изборот на моделот.
(О)Милена | Црнобело