Излозите во Њујорк веќе се накитени за Божиќ - Кои се најубавите оваа година?
Почна сезоната на откривање на раскошни излози во Њујорк, а покрај трговците, така и модните специјалисти се борат меѓу себе во уредувањето на излозите.
Чиј излог е најубав? Најшарен? Најмногу го привлекува окото?
1. „MACY'S“
„MACY'S“ ја почнаа традицијата на уредување и никогаш досега не си ја нарушиле репутацијата за најубави излози за новогодишните празници.
2. „Saks Fifth Avenue“
„Saks Fifth Avenue“ носи слаткост со својата декорација, „Land of 1.000 Delights“ направена само од слатки.
3. „Bergdorf Goodman“
Овој трговски центар претставува „Необична дестинација“ која вклучува зелени шуми, многу фантазија и одавање почест на кинеските акварели.
4. „Lord & Taylor“
„Lord & Taylor“ оваа година ги носат потрошувачите низ зимско патување од најубавите бајки.
Н. Г. | Црнобело