Водич: Како да ги комбинирате боите?
Наоѓањето на точна комбинација на бои е еден од најважните чекори во дизајнирањето на стилски и холистички изглед.
А, оваа листа може да ви помогне секогаш да ја најдете точната боја како при одбирање на бои на облека, така и во уредувањето на домот.
Шема број 1: Комплементарна комбинација
Комплементарни бои се оние кои седат спротивно една од друга во кругот на бои. Ваквата комбинација креира живи и силни ефекти, особено кога се при максимална сатурација (заситеност).
Шема број 2: Тријада – комбинација на три бои
Тријадата е комбинација од три бои кои се подеднакво оддалечени една од друга во кругот. Ваквата комбинација произведува висок контрастен ефект, но со хармонија на боите. Ваквата комбинација изгледа вибрантно дури и кога користите бледи и незаситени бои.
Шема број 3: Аналогна комбинација
Ова е комбинација од 2 до 5 (идеално 2 до 3) бои кои се во непосредна близина во кругот. Ваквата комбинација оддава мир и смирување со симпатичен впечаток. Пример за комбинирање на аналогни пригушени бои: жолто-портокалова, жолта, жолто-зелена, зелена, сина и зелена.
Шема број 4: Одвоена комплементарна комбинација
Ова е варијација на комбинацијата на комплементарни бои во која одбирате една примарна боја и две комплементарни (двете комплементарни бои се спротивно на примарната). Ефектот на шемата е доволно контрастен, но не е екстремно интензивен.
Шема број 5: Тетрада – комбинација од четири бои
Оваа шема вклучува една примарна боја и две комплементарни бои во кругот, плус уште една боја која додава на контраст. Пример: сино-зелена, сино-виолетова, портокалово црвена и портокалово-жолта.
Шема број 6: Квадрат
Комбинација од четири бои кои се подеднакво оддалечени една од друга. Во овој случај боите се разликуваат во тонот, но исто така се и комплементарни. Ова создава динамичен и живописен ефект. Пример: виолетова, портокалово-црвена, жолта и сино-зелена.
Комбинација на одделни бои:
Бела: се комбинира со сè, посебно со сина, црвена и црна.
Беж: се комбинира со сина, кафеава, смарагдна, црна, црвена и бела.
Сива: се комбинира со фуксија, црвена, виолетова, розова и сина.
Розова: се комбинира со кафеава, бела, нане зелена боја,, маслинеста, сива, тиркизна и светло сина.
Фуксија: Се комбинира со сива, жолто-кафеава, нане зелена, боја на лајм, и кафеава.
Црвена: се комбинира со жолта, бела, црвено-портокалова, зелена, сина и црна.
Доматно црвена: се комбинира со цијан, нане зелена, боја на песок, кремасто-бела и сива.
Цреша црвена: се комбинира со азурна, сива, нежно портокалова, песочна боја, бледо жолта и беж.
Малинa црвена: се комбинира со бела, црна и боја на дамаска роза.
Кафеава: се комбинира си светла цијан боја, кремаста, розова, жолто-кафеава, зелена и беж.
Светло кафеава: се комбинира со светло жолта, кремасто бела, сина, зелена, виолетова и црвена.
Темно кафеава: се комбинира со боја на лајм, цијан, нане зелена и виолетово-розова
Црвенкасто кафеава: се комбинира со розова, темно кафеава, сина, зелена и виолетова.
Портокалова: се комбинира со цијан, сина, боја на јоргован, виолетова, бела и црна.
Светло портокалова: се комбинира со сива, кафеава и маслинова.
Темно портокалова: се комбинира со бледо жолта, маслинова, кафеава и цреша боја.
Жолта: се комбинира со сина, боја на јоргован, светла цијан, сива и црна.
Лимон жолта: се комбинира со цреша црвена, кафеава, сина и сива.
Бледо жолта: се комбинира со фуксија, сива, кафеава, нијанси на црвено, жолто-кафеава, сина и виолетова.
Златно жолта: се комбинира со сива, кафеава, азурна, црвена и црна.
Маслинова: се комбинира со портокалова, светло кафеава и кафеава.
Зелена: се комбинира со златно-кафеава, портокалова, жолта, кафеава, сива, кремаста, црна и кремасто бела.
Тиркизна: се комбинира со фуксија, цреша црвена, жолта, кафеава, кремаста и темно-виолетова.
Цијан: се комбинира со црвена, сива, кафеава, портокалова, розова, бела и жолта.
Темно сина: се комбинира со боја на јоргован, цијан, жолто зелена, кафеава, сива, бледо жолта, портокалова, зелена, црвена и бела.
Боја на јоргован: се комбинира со портокалова, розова, темно виолетова, маслинова, сива, жолта и бела.
Темно виолетова: се комбинира со златно кафеава, бледо жолта, сива, тиркизна, нане зелена и светло портокалова.
Црна: црната боја е универзална и изгледа елегантно со секоја боја, но посебно со портокалова, розова, бела, црвена, сивкасто виолетова, и жолта.
Н. Г. | Црнобело