9 „направи сам“ проекти за кои сѐ што ви е потребно е само шише од пиво
Скоро сите луѓе се љубители на пиво. Во ред, добро не сите, меѓутоа голем дел. И голем дел од нив ги фрлаат шишињата не знаејќи дека тие можат да бидат навистина корисни.
Следен пат кога ќе имате празно шише пиво до вас, пробајте да ги направите следниве нешта:
1. Фенери
Ако сте надарени со „направи сам“ способности, тогаш одлична идеја е да си направите фенер од преостанатото стаклено шише пиво.
2. Ксилофон
Замислете да ги почестите пријателите со мало музичко интермецо. Сега можете – благодарение на вашиот ксилофон од шишиња пиво.
3. Шише за течен сапун
Наместо постојано да купувате нови течни сапуни, секој од нив со ново пакување, зошто едноставно не направите шише со пумпа и не го надополнувате со сапун?
4. Пехар
Колку само би било кул кога би можеле да пиете од пехар...
5. Соларник
Буквално сѐ што треба да направите е да направите 2 дупки во капачето. Полесно амин.
6. Свеќи
Кога ќе снема струја ќе бидете благодарни што не мора да пиете пиво во темнина кога направивте неколку свеќи.
7. Лустер
Иако за да го направите ќе треба да испиете поголема количина пиво, крајниот резултат изгледа навистина феноменално.
8. Ламба
Одберете некое шише со убава амбалажа за да си направите ламба која со години ќе стои на вашата ноќна масичка.
9. Саксии
Никогаш не би рекле дека пивото и растенијата одат заедно нели?
С. С. | Црнобело