Калиграфија – уметност на убавото пишување
Веројатно сите ги паметиме оние тетратки по краснопис кои ги имавме во основно училиште и ни предизвикуваа толку нервози и солзи, доколку не можевме да ја напишеме буквата онака како што беше зададена во тетратката.
Мора да признаеме дека не секој е скроен да има совршен ракопис и да пишува убаво, а оние малкуте краснописци кои се надарени со стабилна рака се нарекуваат калиграфи.
Изразот калиграфија е кованица од два грчки збора – kallos што значи убавина и graphẽ што означува пишување. Во наједноставен буквален превод, калиграфијата е убаво пишување, а современите дефиниции ја опишуваат како уметност, преку која на знаците им даваме исклучителна хармонична форма, односно изглед.
Калиграфијата е префинета уметничка вештина која бара многу внимание и трпеливост.
Треба да бидете уредни, но и неверојатно надарени за да ги извиткувате буквите во неверојатна симетрија.
Овој уметник по име Себ Лестер изгледа дека е надарен со магијата на калиграфската вештина.
Погледнете ги неговите видеа, кои буквално ќе ве хипнотизираат со убавина.
А, потоа обидете се да напишете нешто на своја рака...
(O)Милена | Црнобело