Светилки како создадени за фановите на Star Wars
Ијал Розентал е дизајнер, љубител на минимализам, софистицираност и малку хумор. Комбинирајќи ја својата љубов кон култните филмови и изработката на светла, тој создал серија од светилки инспирирани од ликовите и елементите од „Војна на ѕвездите“.
Но, сакајќи да оди чекор подалеку, светилките во минималистички и скандинавски стил се претставени како страници во шведски каталог.
Од Вадер и Фет, до BB8 и лајтсејберите – секое парче е доволно магично да ве потсети на омилените елементи од Star Wars, притоа без жртвување на дизајнерски елементи кои вообичаено би ве спречиле во нивно закачување над трпезаријата.
Но, за жал, тие не се наменети за продажба затоа што се само концепти.
Сепак, тоа не нѐ спречува да уживаме во нивната убавина:
С. С. | Црнобело