Турски илустратор си поигрува со реалноста преку илустрации
Ајкут Ајдоуду е 30-годишен турски илустратор од Истанбул, кон чии дела е скоро невозможно да останете рамнодушни.
Анализирајќи ги неговите илустрации, тешко е да се поверува дека целиот негов уметнички опус е резултат на дигиталната уметност. Ајдоуду црта и слика исклучиво на неговиот таблет во Фотошоп.
Неговите дела се магични, исполнети со привлечност и мистерија, надреални и изгледаат како да исползиле директно од светот на соништата. Ајкут плови помеѓу реалноста и фантазијата, а во меѓувреме остава уметничка трага со личен печат на индивидуализам.
Во неговото портфолио, покрај интересот за поп култура се забележува и омаж на познати тв серии и култни филмови како Breaking Bad, Fight Club и Lèon.
(О)Милена | Црнобело