Креативен маж: Направил фустан од 12.000 лего коцки за сопругата
Ако мислите дека сте го запознале најголемиот лего фан, тогаш помислете уште еднаш. Брајан Д’Агостин е многу талентиран и посветен на лего коцките и на неговата сопруга, па затоа ѝ направил фустан и чанта од 12.000 парчиња.
Уште познат како Dag’s Bricks во лего заедницата, тој го создал „Малото црно фустанче“ за Bricks Cascade – годишна лего конвенција.
На овој настан возрасните лего фанови се собираат за да ги покажат нивните креации и да градат нови, забавни лего објекти.
За Д’Агостин тоа значело искористување на 12.000 коцки за изработка на дводелен фустан. А потоа, како додаток тој изработил и лептир машна, ремен и очила.
Како што се шетал со неговата сопруга, луѓето кои биле дел од настанот прашувале дали тоа навистина се лего коцки и дали фустанот е удобен (се установило дека фустанот е „полу-удобен“). Најголеми фанови биле тинејџерите, постарите жени и неколку мажи кои биле неверојатно љубезни.
„Голем дел од мажите беа доволно разумни за да прашаат дали може да се сликаат или да го допрат фустанот“ – рекол креативниот сопруг.
Сега за сега, парот нема планови за покажување на фустанот на национално ниво. Можеби ќе се појави во локална продавница или во продавница за лего коцки, но не биле направени други барања.
С. С. | Црнобело