Направи сам: Трансформација на старите стаклени шишиња
Старите стаклени шишиња може да направат хаос низ домот или пак да завршат во кантата за отпадоци, но само ако немате соодветна идеја како да ги трансформирате во нешто креативно и корисно.
Пример, во овие мини - вази кои може да послужат за свежо цвеќе, но и за складирање на ситни предмети (зависно од обликот на шишето).
Потребен материјал:
- Коноп, јаже или волница во бои по ваш избор
- Стаклени шишиња или вази
- Ножици
- Лепак
Подготовка:
На врвот од шишето ставете малку лепак и почнете да мотате неколку редови коноп. Наизменично менувајте ги боите на конците по ваша желба.
Ви советуваме сите краеви од конците да бидат на иста страна за резултатот да биде што подобар и поубав.
Ако се одлучите за конци во силни бои, би ви предложиле да изберете цвеќиња во неутрални бои.
По изработката ќе уживате во резултатите од вашиот труд и домот ќе го освежите со овие ведри детали.