Кулата на кедарите - Лозана, втор град кој доби вертикална шума
Барајќи начин да се зголемат што повеќе зелените површини после Милано, Лозана е вториот град кој ќе добие вертикална шума.
Концептот за таканаречените вертикални шуми е дело на Стефано Боери и има за цел да внесе повеќе зеленило во урбаните градски средини каде сивилото на асфалтот станува сè подоминантно.
Новата зграда е наречена наречена „Кула на кедари“. Предвидено е да биде висока 117 метри и да содржи 24.000 растенија, 100 дрвја, 6.000 грмушки и 18.000 повеќегодишни растенија, бршлени и треви, кои ќе бидат распоредени на 36 ката.
Зградата треба да вклучува станбени простории, канцеларии, вежбална и панорамски ресторан на самиот врв.
Главен лик во новиот проект на Боери ќе биде кедарот, дрво со огромна способност за адаптација дури и при екстремни климатски услови и ниски температури како тие на Средниот Исток и Хималаите.
Кедарот е познат и како „природен споменик“ способен да живее дури до 2.500 години.
Кулата на кедарите ќе биде првата зграда во светот составена само од зимзелени дрвја (80%), што претставува многу важна карактеристика, пред сè, заради големиот еколошки придонес кој лисјата го имаат во апсорпцијата на СО2 и создавањето на кислород.
Самиот Стефано Боери изјавува: „Со Кулата на кедарите имаме можност да создадеме зграда која ќе биде од голема важност во областа на Лозана. Еден вистински архитектонски подвиг кој меѓу другото, ќе биде дом на значаен биодиверзитет на растенија во срцето на еден важен европски град како што е Лозана“.
„Кулата на кедарите благодарени ена својата форма и боите на кедарот и останатите растенија во текот на сите годишни годишни времиња, би можела да стане заштитен знак на пејзажот околу езерото Лемано. Среќен сум што оваа несекојдневна можност ќе направи Лозана да биде еден од првите градови кои одговориле на глобалниот предизвик за подобрување на урбаниот квалитет на живот и биодиверзитет на видовите“ - додава Боери.